ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне по одредени котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
„Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4 степени, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени Целзиусови“, прогнозираат синоптичарите.
Во Скопје утрото ќе биде магливо и облачно, а преку денот ќе биде облачно и тивко.
„Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени“, велат од УХМР.