ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди

Во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во вечерните и ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во западните делови врнежите повремено ќе бидат поинтензивни и проследени со засилен југозападен ветер. Температурата ќе се движи од -5 до 7 степени.