ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Променливо облачно со услови за повремен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со услови за повремен локален дожд и ретки грмежи, соопштија утрово од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), посочувајќи дека и следните денови не очекува слично време.

„Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени“, велат оттаму.

Advertisements

Според извештајот на УХМР, во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината со повремен дожд, а ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

„Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 16 степени“, соопштија од УХМР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button