ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Сончево и многу топло, попладне со услови за пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Од пладневните часови се очекува да има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во текот на денот ќе се движи од 25 до 38 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се зголемува и во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Скопје ќе биде до 36 Целзиусови степени.