ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево и многу топло со температура до 42 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, а попладне во западните делови од земјата ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. УВ-индекот ќе биде висок и ќе изнесува 10. Температурата ќе се движи од 31 до 42 Целзиусови степени.

Advertisements

Во Скопје времето денеска ќе биде сончево и многу топло, а во попладневните часови ќе има мала до умерена облачност. Температурата ќе се искачи до 40 степени.

Сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност се најавува и за утрешниот ден. Ќе дува и слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ-индекот ќе изнесува 10. Температурата и утре ќе се движи од 31 до 42 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button