ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево и многу топло со температури до 42 степени

Сончево и многу топло со максимални температури до 42 степени е денешната временска прогноза, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Максималната температура ќе достигне од 36 до 42 степени. УВ индексот ќе изнесува 10. На некои места во попладневните часови ќе има умерена локална облачност. Во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд“, велат од УХМР.

Advertisements

Во Скопје, пак, времето ќе биде сончево и многу топло, минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната температура ќе достигне 41 степен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button