ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево и многу топло со темпертаури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 35 до 40 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 9, известуваат од УХМР.

Advertisements

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Синоптичарите информираат дека под влијание на многу топла воздушна маса од југ, од денеска до крајот на седмицата времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Особено топло ќе биде до среда кога дневната температура наместа ќе надминува 40 степени и на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button