ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево и релативно топло со температури до 17 степени

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на магла. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 Целзиусови степени, информираат од УХМР.

Advertisements

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, освен по котлините, каде ќе има појава на магла со променлив интензитет. Дневните температури во овие места ќе бидат пониски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button