ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево и релативно топло, со утринска магла по котлините

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен до јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Advertisements

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 15 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје наутро ќе има слаба магла, а преку ден ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Во следните два дена ќе се задржи релативно топло време со појава на утринска магла во одделни котлини. Локални врнежи од дожд ќе има во попладневните и вечерните часови во среда и во петок и на почетокот на викендот кога ќе дува и засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button