ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Сончево и тивко со температура до 17 степени

Времето денеска ќе биде сончево, претежно тивко и релативно топло со мала локална облачност, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). По одделни котлини ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе слабее. Утринската температура ќе биде од минус 4 до 2 Целзиусови степени, а дневната од 9 до 17 Целзиусови степени.
Вo Скопје, времето денеска ќе биде сончево, тивко и магливо. Наутро температурата ќе биде минус 2 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 10 Целзиусови степени.