Времето денеска: Сончево и топло, попладне се очекува дожд

Сончево време со мала до умерена облачност е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошкиработи (УХМР). Во северните делови од земјата ќе има услови за повремен локален дожд. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер кој ќе достигне брзина од над 60 километри на час.
Утринската температура ќе биде од 11 до 19 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се движи од 22 до 38 степени.
И во Скопје денеска се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд, а ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде од 19 степени наутро до 35 во текот на денот.
За утре синоптичарите најавуваат сончево и посвежо време со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец.
Температурата утре ќе биде од 23 до 32 степени.