ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево и топло, попладне со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме.

Advertisements

Како што информираат од УХМР, ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button