ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево и топло, попладне со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во попладневните часови, претежно во западните делови од земјата, ќе има локална нестабилност со пороен дожд и појава на ретки грмежи. Утринската температура ќе биде од 8 до 15 Целзиусови степени, а дневната од 16 до 28 степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Наутро температурата ќе биде 13 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се искачи до 27 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button