ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Сончево и топло со слаб северен ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од 11 до 20 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се искачи во интервал од 25 до 36 степени. УВ-индексот ќе биде 7.
И во Скопје времето денеска ќе биде сончево и топло. Во попладневните часови ќе има мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб северен ветер. Темпертурата ќе достигне до 35 степени.