ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево и топло, со температури до 17 степени, магла во претпладневните часови

Времето денеска ќе биде сончево, тивко и релативно топло, освен во котлините каде ќе има појава на подолготрајна магла, особено во утринскиот и попладневниот период, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Претпладне по котлините и особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Преку денот ќе биде сончево, тивко и релативно топло освен во котлините со подолготрајна магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени“, велат од УХМР.

Advertisements

Во Скопје, пак, претпладне ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево и претежно тивко.

„Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени“, додаваат од Управата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button