ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево и топло со температури до 36 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Advertisements

Оттаму велат дека ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

„Попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8“, велат од УХМР.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Според УХМР, следниот период ќе биде период на постабилно време, сончево и топло со мала до умерена облачност.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button