ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Сончево и топло со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), претежно во западните делови од земјата, облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата наутро ќе биде од 13 до 23 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се искачи од 29 до 38 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе биде 8, информираат од УХМР.
Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе биде од 19 до 37 Целзиусови степени.