ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево и топло со температури над 30 степени

Времето денеска: Сончево и топло со температури над 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, а попладне се очекува да има мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температурите наутро ќе бидат од 11 до 18 Целзиусови степени, а во текот на денот од 28 до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се искачи до 35 Целзиусови степени.

Утре, според прогнозите на УХМР, се очекува времето да биде променливо облачно, на повеќе места, особено попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Температурите наутро ќе бидат од 12 до 19 Целзиусови степени, а попладне од 21 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје утре ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината со услови за појава на невреме.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button