ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска, сончево со локална облачност

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот ветерот ќе ја намали брзината. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.