ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска, сончево со магла по котлините

Изутринава по одделни котлини има појава на магла, која вдолж Повардарието ќе се задржи до раните попладневни часови. Во останатите подрачја во текот на целиот ден времето ќе биде сончево и претежно тивко.
Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степен.
Во Скопје претпладне и околу пладне се очекува магливо време, а попладне маглата ќе се намали. Температурата ќе се движи од 1 до 14 степени.