ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска, сончево со мала локална облачност

Времето денеска претпладне долж Повардарието ќе биде магливо и со значително ниска облачност, кои попладне ќе се намалат. Во останатиот дел од земјата ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Advertisements

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени.

Во Скопје претпладне магливо и со значителна ниска облачност, а попладне сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови, особено долж Повардарието ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. До петок ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, особено долж Повардарието.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button