ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево со мала облачност и температура до 29 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец, кој на некои места ќе биде со брзина и над 50 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од 5 до 18 Целзиусови степени, а во текот на денот од 18 до 29 Целзиусови степени.

Advertisements

Според УХМР, во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Температурата наутро ќе биде 12, а во текот на денот до 27 Целзиусови степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button