ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Сончево со температура до 16 степени

Времето денеска ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од минус шест до два, а максималните ќе достигнат од 10 до 16 Целзиусови степени, информираат од УХМР.
Во Скопје ќе преовладува сончево и претежно тивко време. Минималните температури ќе се спуштат до минус три, а максималните ќе достигнат до 13 степени.