ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска, сончево со умерена облачност

Во земјава денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне магливо, околу пладне и попладне сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.