ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Сончево со умерена облачност

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и релативно топло особено во повисоките места и на планините. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Дневната температура ќе се движи од 10 до 16 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 11 степени.