ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево со умерена облачност и температури до 29 степени

Времето денеска во најголем дел од земјата ќе биде сончево со умерена облачност. Во одредени делови од земјата облачноста повремено ќе се зголемува, а попладне во западните делови и во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринските температури ќе бидат од 4 до 14 Целзиусови степени, а попладне од 20 до 29 Целзиусови степени.

Advertisements

Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Наутро температурата ќе биде 11, а во текот на денот ќе се искачи до 27 Целзиусови степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button