Времето денеска: Сончево со умерена облачност, попладне со услови за дожд во западните делови

Денеска времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи во интервал од три до 12 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 16 до 26 степени.
Во Скопје се очекува сончево и потопло време, со умерена облачност, која ќе се зголеми во попладневните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 26 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, нестабилна временска состојба в четврток се очекува да зафати повеќе места на територијата на државата што ќе донесе пороен дожд и грмежи. Од петок, синоптичарите најавуваат претежно стабилно време со пораст на дневните температури.