ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Студено и сончево со мала облачност

По студеното утро, во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, се вели во денешната прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде од минус 9 до минус 3 степени, а во текот на денот од минус 1 до 8 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Наутро температурата ќе биде минус 5 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 3 Целзиусови степени.