ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Студено утро, преку ден сончево

Ведро и студено утро, а преку ден сончево со мала локална облачност. Ова, како што предвидуваат синоптичарите е временска прогноза за денешниот ден.

Минималната температура ќе се движи од -7 до 1, а максималната ќе достигне 4 до 12 степени“, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

И во Скопје утрото ќе биде ведро и студено, а преку ден сончево.

„Минималната ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 11 степени“, се вели во соопштението од УХМР.

Следните денови следува стабилно и суво време со студени утра. В петок и сабота по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button