ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Топло со температура до 39 степени, вечер невреме на некои места

Времето денеска во земјава ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе има услови за локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Како што информираат од УХМР, во текот на ноќта кон вторник и во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Потоа во среда и во четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button