ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Умерено облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. На североистокот ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 20 до 25 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 25 степени.