ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Умерено облачно со температура до 14 степени

Денеска времето во земјава ќе биде умерено облачно, а долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура ќе се движи во интервал од минус пет до три Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од пет до 14 степени.

Во Скопје се очекува слично време, претпладне со услови за појава на магла, а во текот на денот сончево во мала облачност. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до минус три, а дневната ќе изнесува девет Целзиусови степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button