ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Врнежливо и свежо со температури до 16 степени

Времето денеска ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 л/м2. Кон крајот на денот на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на ноќта кон сабота засилен северен ветер (над 60км/ч), особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде од 6 до 12, а максималната од 10 до 16 Целзиусови степени.

Advertisements

Во Скопје ќе биде oблачно и свежо со врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 14 степени.

Како што информира УХМР, во сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини во утринските часови ќе има услови за слаб снег. Дневните температури во следните денови ќе имаат тенденција на натамошен пораст.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button