ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Врнежливо со слаб до умерен ветер

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (над 25 л/м2). Ќе дува слаб до умерен, а наместа во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 8 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 14 степени.