ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето утре, сончево и топло со мала до умерена локална облачност
Времето утре, сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. UV=8
Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степени.