ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето застанало на железничката станица

Времето застанало на железничката станица

Овој граѓанин поради хаосот со автобусите во градот решил да го смени начинот на превоз. До Драчеве, кое е на околу 12 километри од центарот на Скопје, со воз оди и се враќа на работа.

Advertisements

Ова беше посебен случај на патници кои ја користат железничката линија за превоз на патници. Алсат, ја посети железничката станица во Скопје, чии снимки зборуваат сами за себе. Овде времето како да застанало, со години не се инвестира во модернизација на станицата, што е можеби најдобар одраз за грижата на државата за овој многу важен сектор. Лифтовите не работат, како и ескалаторите, а тоа го оневозможува пристапот на лицата со посебни потреби.

Патниците велат дека не се задоволни од возовите бидејќи освен што доцнат и се бавни, а сега во зима немаат ни греење.

Во моментов на релација Скопје-Битола-Скопје сообраќаат две линии, на релацијата Скопје-Ѓевѓелија-Скопје една и два локални воза Скопје-Велес-Скопје. Во меѓувреме не функционираат линиите Скопје-Кичево-Скопје и Скопје-Кочани-Скопје. Бројот на возови не е доволен. Златко Пецаков, раководител на Секторот за контрола на превозот на патници, се сеќава на најубавите времиња кога почнал да работи во овој сектор.

Во Северна Македонија има вкупно 699 километри пруга. За последен пат железничкиот парк беше реновиран со 6 воза од Кина во 2015 година, од кои четири се дизел и 2 електрични. Со текот на годините, државата наиде на проблеми со сервисирањето на кинеските возови./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button