МАКЕДОНИЈА

Врховен ги отфрли жалбите на незадоволните судии за избор во Апелација

Врховниот суд го потврди изборот на Судскиот совет за судии во Апелациониот суд Скопје со отфрлање на жалбите на незадоволните судии. Во денешната објава на пресудите е наведено дека жалбите на судиите Џанета Бектовиќ, Оља Ристова, Елизабета Настов и Андреј Димовски се одбиваат како неосновани со што се потврдува одлуката на Судскиот совет за избор на судии во Апелациониот суд во Скопје.

Advertisements

Во ноември минатата година Судски совет одлучи новите позиции да се пополнат со Габриела Гајдова, Александра Ристевска, Весна Димишкова и Осман Шабани за судии од кривична област во Апелациониот суд Скопје.

Судиите кои се жалеа на одлуката на Судскиот совет до Врховен суд бараа да биде поништен и да се повтори изборот, затоа што според нив Советот го направил изборот без почитување на ранг листата на бодување, со прескокнување на повисоко рангираните кандидати преку гласање со бадентерово мнозинство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button