ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Врховен ја пишува одлуката за затвор на Јанкулоска, полицијата контролира багажници

Врховен сѐ уште ја пишува одлуката за случајот „Тенк“. Највисокиот суд, потврди дека поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска треба да оди во затвор четири години. Иако одлуката е донесена, сепак нема написмено за да замине Јанкуловска во затвор. Врховен не открива кога ќе биде напишан документот.

Advertisements

„Во најбрз можен рок ќе биде доставена одлуката до Апелација и до Кривичниот суд. Не можеме да кажеме кој ден точно“, велат од Врховниот суд.

Откако одлуката ќе биде готова и препратена во надлежните судови, судија ќе треба да одреди термин, кога и каде Јанкулоска треба да почне да ја отслужува четири годишната казна за набавката на луксузниот мерцедес. Екс министерката има право и да бара одлагање на казната. И денеска околу зградата каде живее Јанкулоска има полиција. Се вршат контроли на секој кој излегува, влегува, но и поминува пред зградата.

Полицијата го контролира секое возило кое поминува околу зградата каде живее поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Најверојатно поучени од спектакуларното бегство на поранешниот премиер Никола Груевски, полицајците ги проверуваат багажниците на секое возило посебно.

Викендов, Јанкулоска посочи дека е дома и дека не планира да бега. Освен за неа, Врховен ја одби жалбата за вонредно преиспитување на двогодишната затворска казна за „Тенк“ и за екс премиерот Никола Груевски. Тој избега во Унгарија пред две години, неколку дена пред да треба да се појави во затворот Шутка за да ја одлежи казната. Се уште ниту обвинителството ниту полицијата не утврди кој му помогна да избега од земјава.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button