СВЕТ

Врховниот суд олучува за имунитетот на Трамп

Денеска американскиот Врховен суд ќе одлучи дали поранешниот американски претседател Доналд Трамп има имунитет од гонење за неговите постапки поврзани со немирите во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.

Како што пишува АП, судот одлучува дали на Трамп, првиот поранешен претседател кој се соочи со кривична пријава, ќе му се суди во Вашингтон.

Немири во зградата на Капитол, седиштето на американскиот Конгрес, избувнаа откако околу 2.000 поддржувачи на Трамп се собраа во центарот на главниот град на САД на протест за време на кој поранешниот претседател ги повтори неоснованите тврдења дека претседателските избори во 2020 година биле обележани со нерегуларности и кражби.

Протестот кулминираше со насилно упад во зградата на Конгресот, напади врз полицијата и членовите на највисокото американско законодавно тело, кои беа принудени да се скријат и да побегнат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button