ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Врховниот судија Шпенд Деваја судел предмет каде претходно бил адвокат

Судскиот совет води постапка за утврдување одговорност за врховниот судија Шпенд Деваја поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција, дознава Алсат. Според информациите, судијата Деваја работел на предмет како врховен судија, иако порано истиот тој случај го застапувал како адвокат.

Advertisements

„Судскиот совет води постапки за утврдување одговорност за нестручно и несовесно постапување на судии од повеќе судови“, велат од Судски совет

Дали станува збор за судијата Шпенд Деваја?

„Судскиот совет не смее да открива идентитет на судии за чија работа се утврдува одговорност.“

Судијата Деваја пак, денеска беше јавно промовиран како нов претседател на Советодавното тело за судска етика при Здружението на судии.

„Овој нов состав заедно со сите вас и со сите судии ќе се придонесе да се донесат сè повеќе и повеќе мислења со кои на еден начин моралните дилеми кои ги имаме, да ги расчистиме“, изјави Шпенд Деваја, врховен судија

Алсат го праша Деваја дали знае дека против него се води постапка за утврдување одговорност? Го прашавме и дали се точни информациите дека изминатиов период постапувал во предмет во Врховен, а претходно на истиот случај работел како адвокат?

„Не знам, не знам. Немам таква информација“,  Шпенд Деваја, врховен судија

Постапката во Судскиот совет се води по претставка од адвокати. Во неа се вели дека Деваја како претседател на Советот на судии во Врховниот суд требало да се изземе, но продолжил да суди. Инаку, за истиот случај веќе била донесена пресуда во 2007 година во граѓанска постапка во судот во Тетово. Деваја тогаш бил адвокат на тужителот. Во 2013 година Деваја стана директно врховен судија и не ги помина скалилата да суди прво во основен, па во Апелационен суд. Деваја е оженет со поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи од ДУИ, која беше на функција кога нејзиниот сопруг од адвокат – стана врховен судија. /Алсат.мк

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button