ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Врнежи од снег викендов, од понеделник стабилизација на времето со ниски утрински температури

Врнежи од снег викендов, од понеделник стабилизација на времето со ниски утрински температури

Врнежи од снег утре и во недела претпадне на локално ниво. Од понеделник времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени.

Advertisements

УХМР за утре прогнозира облачно и студено време со врнежи претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 1 до 8 степени.

Во Скопје утре облачно и студено со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 3 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button