ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Втор ден од штрајкот на СОНК – Пријавени притисоци врз вработени во градинките

Вториот ден од штрајкот во училиштата помина без проблеми, освен неколку притисоци во градинки што се очекува да ги потврдат и надлежните. Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков рече дека очекуваат покана од Владата за надминување на проблемот. Наставниците во Чаир велат дека се свесни за загубите што ги трпат децата, но велат дека ова е единствениот начин да се исполнат барањата предложени од СОНК.

Advertisements

Додека Алсат престојуваше во средното стручно училиште „Цветан Димов“ немаше ученици. Наставниците кои штрајкуваат беа поделени во неколку посебни простори.

„До сега немаме ученици кои доаѓаат на училиште, евентуално двајца-тројца ученици кои вчера беа во попладневната смена. Дури и да има заинтересирани, подготвени сме да го организираме часот за оние ученици кои ќе дојдат во просториите на училиштето. Верувам во хуманоста на професорите дека доколку би имало ученици, секако дека ќе се организираме, можеби не во сите паралелки, но ќе направевме нова реорганизација“, вели Висар Дурак, стручно училиште „Цветан Димов“.

Во генерален штрајк се вработените во градинките, основните и средните училишта кои бараат итно зголемување на платите за 18,4%.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button