ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Втор ден расправа за ребалансот на Буџетот

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува расправата за ребалансот на Буџетот што започна вчера.

Advertisements

Главната цел на измените, како што посочуваат од Министертвото за финансии, е да се обезбеди непречено извршување на буџетот во услови на позитивни економски трендови и динамика на реализација, со цел навремено и ефикасно финансирање на сите програмски определби, обврски и капитални инвестиции.

Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари или за околу еден процент повеќе во однос на Буџетот, односно за околу 3,5 милијарди денари, а вкупните расходи на ниво од 403,7 милијарди денари и исто така бележат раст од околу еден процент, односно за околу 3,5 милијарди денари.

Со ребалансот се врши реалокација на средства меѓу буџетските корисници, се дообезбедуваат средства за исплата на плати пред се во Министерството за внатрешни работи, каде е обезбеден раст на платите на вработените од 10 проценти, а се обезбедени дополнителни средства и за исплата на зголемени пензии и дополнителни околу 300 милиони денари за капитални расходи.

Капиталните расходи се планирани во висина од 47,5 милијарди денари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button