
Зелената агенда на Владата и воведувањето на еколошката такса се главни теми на пратениците во Собранието на вториот ден од пленарната расправа за ребалансот на буџетот. Опозициските партии обвинија дека Зелената агенда е залажување на граѓаните за да може Владата да потроши 11 милиони евра, а еколошката такса е начин да се полни дупката во буџетот на грбот на народот. Опозиционерите прстот го насочија кон партијата ДУИ, велејќи дека се декларираат како зелена партија, а сите ставки за животна средина ги намалиле.
„Бидејќи сте зелени зошто вашиот министер во животна средина ја намалува ставката квалитет на воздух за 2,64 отсто, бидејќи сте зелени барате чиста Македонија, зошто се намалува во канализациони мрежи и одводни канали за 33,19 проценти, и вие сте од Тетово, а воздухот го намалувате, нема канализации, кажете ми зошто за чистење на диви депонии имаме намалување за 10,6 отсто“.
Според пратеникот на ДУИ, Бедри Фазли, во зелената агенда има реални проекти со кои ќе се заштити животната средина, а со ребалансот тие ќе се остварат.
„ Буџетот за модерни патишта, јавен транспорт, менаџирање со отпадоците, инвестирање во чиста вода ќе овозможат подобро за идните генерации. Како во менаџирање на буџетот и во ребалансот многу добро се гледа работата на Владата и страна на ДУИ за одговорноста за иднината. Покрај развој на еднаквоста и евроатлантскиот пат, ние ќе се погрижиме и за природата и животната средина.“
Пратениците за ребалансот на буџетот ќе може да расправат уште во наредните три дена. Очекувањата на Владата се дека со ребалансот економијата ќе се прероди, а ставот на опозицијата е дека ребалансот е класичен предизборен поткуп.
Andera Cobanova