ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Втората недела од училишното полугодие го донесе пикот на заболени од грип
Втората недела од училишното полугодие го донесе пикот на заболени од грип

Почетокот на втората половина од учебната година доведе до дополнително зголемување на бројот на заболени од грип. Децата се најчести посетители на медицинските клиники изминатава недела поради грипот. Доктор Билјана Јованоска вели дека се случува детето да има неколку видови на грип.
Покрај децата, најизложени на грип се луѓето постари од 60 години. Имало и случаи кога човек два пати бил заразен од грип, поради слаб имунитет.
Лекарите апелираат на зголемена грижа, лична хигиена, храна богата со витамини и проветрување на внатрешните простори. На заболените од грип им се препорачува да носат маски за да се спречи ширењето на болеста./Aлсат.мк
Линда Ебиби