
Фудбалерите на Манчестер Сити славеа уште една убедлива победа во групната фаза од Лигата на шампионите. На „Итихад“ со 3-0 падна тимот на на Јанг Бојс.
Фудбалерите на швајцарскиот шампион беа тотално немоќни во престолнината на „граѓаните“. Не упатија ниту еден удар кон голот на Едерсон, не само во рамките на голот туку и воопшто. Вакво нешто, една екипа да остане без ниту еден шут, се случува по вторпат во последните девет години во Лигата на шампионите. Последен пат тоа се случи пред една година, кога Атлетико Мадрид остана на НУЛА во поразот исто така од Сити (1-0).
Јанг Бојс беше уште поочаен, затоа што не изведе ниту корнер. Со оваа победа Сити го потврди пласманот во осминафиналето, исто како и РБ Лајпциг кој синоќа минимално ја совлада Црвена Звзда.