ВЕСТИРЕГИОН

Вучевиќ: Најавата за насилно отстранување на барикадите е општа закана за Србите

Министерот за одбрана на Србија Милош Вучевиќ денеска изјави дека најавата на косовскиот премиер Албин Кури дека по секоја цена ќе ги отстрани барикадите на северот на Косово е „општа закана за Србите, особено на оние кои живеат на Косово и Метохија, и закана за Србија.

Advertisements

„Ваквата изјава е опасна затоа што покажува дека Курти не се откажува од спроведување терор врз Србите, насилство и постигнување на крајната цел – Србите да ги напуштат своите огништа. Курти сака да претстави дека само тие бариери се проблем, а дека сè друго е идеално, па кога тие ќе ги отстранат, без разлика колку луѓе треба да страдаат од едната и од другата страна, потоа се ќе биде идеално“, изјави Вучевиќ.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button