ВЕСТИРЕГИОН

Вучиќ: Безбедносната состојба на Балканот е „сериозно разнишана“

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека безбедносната ситуација на Балканот е „сериозно разнишана“ и дека Србија „се стреми да ги зачува мирот и стабилноста, како и безбедноста на сите нејзини граѓани“.

Advertisements

Вучиќ на 10 март присуствуваше на владина седница на која, како што рече, се разговарало за актуелната безбедносна состојба во земјата и регионот, а особено за „безбедносните предизвици во Косово и Босна и Херцеговина“.

„Разговаравме и за севкупните аспекти на најавениот протест на 15 март“, објави Вучиќ на својот Инстаграм профил по седницата на Владата.

Српскиот претседател претходно изјави дека очекува „опозицијата да организира големо насилство“ на протестот што го најавија студентите во блокадата во Белград за 15 март.

Без да наведе детали или докази за таквите тврдења, Вучиќ рече дека „сите кои учествуваат во тоа ќе бидат уапсени“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button