ВЕСТИРЕГИОН

Вучиќ ги известил европските лидери за патувањето во Москва: Им ја кажав вистината

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва и се обрати на јавноста од Москва, коментирајќи ги околностите на летот до Русија, причините за неговата посета, како и критиките што ги добил од западните земји поради патувањето.

Тој за Радио-телевизија Србија (РТС) изјави дека за Москва отпатувал по заобиколен пат бидејќи, како што рече, одредени земји одбиле да го одобрат летот.

Advertisements

„Вообичаено е владината авијација да најавува лет, но не можевме да поминеме низ Белорусија, бидејќи Полска не дозволува коридори. На крајот поминавме преку Бугарија, Турција и Азербејџан“, рече тој.

Зборувајќи за посетата, рече дека со гордост присуствува на одбележувањето на Денот на победата во Москва, оценувајќи дека Србија има право на тоа поради улогата во Втората светска војна. Сепак, додаде дека посетата освен симболика има и конкретни цели.

„Тоа е важно за нас поради договорот за снабдување со гас и натамошното подобрување на односите со Русија“, кажа Вучиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button