ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Вучиќ и Хоти ветија дека ЕУ ќе им биде приоритет


Алсат
07.09.2020 15:35
Премиерот на Косово, Абдула Хоти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ветија дека приоритет ќе им биде интеграцијата во ЕУ и нормализирање на односите преку дијалог. Тие ова ветување го дадоа пред високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Борел. Хоти и Вучиќ денеска се на нова рунда разговори во Брисел, со посредство на Борел и претставникот на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак. Минатата недела, во Белата куќа, Хоти и Вучиќ потпишаа договор за економска нормализација, во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп. Дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија започна од 2011 година и од тогаш се води со посредство на ЕУ, а е поддржан и од Соединетите американски држави.